Објавена снимка од полициската станица кај Гошинце после заземањето од Кумановската терористичка група во 2015


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


На 21 април 2015 година, таканаречената Кумановска терористичка група, која илегално влезе од Косово во Македонија, ја зазеде и ограби полициската станица во близина на македонско-косовската граница во селото Гошинце, која случајно или не, беше преполна со оружје. Тогаш беа заробени четворица македонски полицајци.

Како реакција на вчерашната изјава за Топ ченал на Малишева, Рамиз Резај објави снимка од случувањата во полициската станица Гошинце десетина дена пред пукањата во Диво Насеље. Тој најавува нови фотографии и снимки од настаните, очигледно незадоволен од тврдењата на Малишева за улогата во настаните на неговиот брат Бег Резај (кој загина во Диво Насеље) и Мирсад Ндрецај, пренесува Мкд.мк.

Резај ја објави оваа видео снимка на својот фејсбук-профил и напиша дека групата од Косово била до заби вооружена од преполнетиот и небранет склад со оружје во малата полициска станица Гошинце и тргнала кон Куманово да направи мала нарачана војна.

Обвинетите во случајот „Диво Насеље“ за време на судските рочишта постојано тврдеа дека пресудата е сценарио на Груевски и Ахмети. Нивното барање на судските рочишта како сведоци да се појават и Груевски и Ахмети и Мијалков не беше прифатено.

Неколку дена по настаните во Куманово, тогашниот лидер на опозициската СДСМ Зоран Заев изјави дека постојат силни индикации дека овој случај е сценарио планирано од носителите на власта.