17 новозаразени од коронавирус во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најновиот биланс за состојбата на коронавирусот во Македонија потврди 17 нови случаи на заразени од КОВИД-19 и два нови смртни случаи како последица на истиот, објави во најновиот извештај Министерството за здравство објавен денеска.

Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 3, Куманово 2, Прилеп 3, Тетово 6, Велес 2, Битола 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72) починат на 13 мај во ГОБ „8 Септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје 7, Куманово 6, Прилеп 2 и Велес 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 592, активни 134
Куманово – 413, активни 43
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 1
Прилеп – 193, активни 63
Тетово – 131, активни 68
Струга – 69, активни 6
Велес – 113, активни 49
Битола –26, активни 7
Охрид –17, активни 2
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –19, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка- 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово – 2, активни 2
Берово – 1, активни 1