Објавена листата со славни личности кои најмногу заработиле преку Инстаграм


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кајли Џенер, Аријана Гранде и Двејн Џонсон и понатаму се наоѓаат на врвот од листата со најплатени глобални ѕвезди на Инстаграм, пренесува Sky News.

Instagram Rich List 2019 се заснова на тоа колку корисникот може да наплати за една единствена објава на споменатата социјална платформа.

Аналитичарите ги прегледуваа податоците, вклучително и испитувањето на просечниот ангажман на одредени личности на Инстаграм, како и бројот на следбеници, со цел да одредат кои се највлијателни ѕвезди на оваа мрежа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Веќе долги години со ред „риалити“ ѕвездата и бизнисменка од светот на модата и козметиката, Кајли Џенер, е на врвот на оваа листа, а сега се покажа дека успеала и да ја зголеми заработката. Таа за една објава на Инстаграм во просек може да заработи дури 1,26 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

Зад неа, на второ место е Аријана Гранде со просечна заработка од 996.000 долари, а на трето место е фудбалерот на Јувентус, Кристиано Роналдо, со 975.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Четврта е Ким Кардашијан со 910.000 долари, а петта Селена Гомез со 886.000 долари. Шести е славниот актер Двејн „Карпата“ Џонсон со 882.000 долари, а седма е Бијонсе со просечна заработка од 785.000 долари.