О’Саливан е цар: Ѝ го препушти последниот удар на жената која му избега на обезбедувањето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Снукер мајсторот Рони О’Саливан со 4-1 го победи Жанг Јонг на отворениот снукер турнир во Англија, но натпреварот го обележа еден инцидент на самиот крај.

На крајот од натпреварот, кога О’Саливан ги привршуваше последните удари од дуелот, покрај обезбедување истрча една жена, која што обезбедувањето ја бркаше околу масата.

На изненадување на сите, популарниот О’Саливан ѝ дозволи таа да го направи завршниот удар на натпреварот, кој што веќе го имаше добиено.

Жената не успеа да ја стави црната топка, меѓутоа потегот на О’Саливан предизвика позитивни реакции кај сите присутни.

„Мислам дека го најдов мојот партнер за мешани двојки, напиша потоа О’Саливан на неговиот Фејсбук профил.