Нутриционистите предупредуваат за опасноста на овој тренд: Ова повеќе му штети на организмот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе подолго време се зборува дека активниот јаглен е чудотворец за човековото тело. Уште од античко време, Египќаните и Грците го користеле како лек, а од неодамна повторно срана популарен.

Луѓето веруваат дека јагленот во облик на таблета, прав или течност му помага на телото да се реши од разни отрови. Но, прашање ке колку активниот јаглед е навистина благотворен за телото во кои количини е здраво да се конзумира и кои се последиците ако секојдневно се користи, пишува Дејли Меил.

„Иако активниот јаглед има многубројна медицинска корист, луѓето треба да бидат внимателно кај користењето на истиот во секојдневниот живот. Во организмот тој на себе врзува разни хранливи материи, па така луѓето можат да направат повеќе штета од корист при секојдневното користење“, предупредува автралиската нутриционистка, Фиона Так.

Так напоменува дека луѓето често не ги земаат предвид нус појавите од земањето на активниот јаглен, како што се мачнини, пролив и повраќање. Исто така, вели дека активниот јаглен никако не смеат да го користат луѓето за време на конзумација на лекови, бидејќи го намалуваат нивното дејство.

„Ако активниот јаглен се наоѓа во смути или некој природен сок, нутритивната вредност на таа храна е комплетно на нула“, предупредува Так.

„Тој е фантастична помош за луѓето кои се отруле од храна, а во болница често се користи и кај труењето со алкохол, бидејќи за себе ги врзува отровите во телото и го сопира нивнотот делување“, заклучи Так.