Home Спорт „Њујорк Тајмс“ тврди дека знае кога ќе се одржат одложените Летни Олимписки игри

„Њујорк Тајмс“ тврди дека знае кога ќе се одржат одложените Летни Олимписки игри

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ откри за кога е закажан почетокот на одложените Летни Олимписки игри во Токио.

Почетокот на Игрите би требало да биде закажан за 23 јули во 2021 година.

Тоа е истиот термин кога и годинава требаа да бидат отворени Олимписките игри , со тоа што сега денот е поместен за точно една година поради пандемијата од коронавирусот.

„Тој датум е погоден за сите спортисти и се чини дека е единствениот веродостоен“, пишува „Њујорк Тајмс“.

Сепак конечната одлука за стартот на одложените Олимписки игри во Токио ќе биде познат он крајот на следната недела.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…