Home Спорт Њу Ингланд Патриотс испишаа нова епска историја на Супербол – Том Брејди неприкосновен

Њу Ингланд Патриотс испишаа нова епска историја на Супербол – Том Брејди неприкосновен

Њу Енглад Патриотс беа подобри од Лос Анџелес Ремс во Суперболот и стигнаа до шестата титула во НФЛ, славејќи победа од 13:3 на овој спортски и шоубизнис спектакл во САД. 

Требаше да биде тоа спектакуларен натпревар на двата најдобри напади во лигата и Супербол кој ќе се памети со години. Ќе се памети навистина, но како Суперболот со најмалку поени од 1973 година и Супербол во кој Том Брејди ги замолчи и последните критичари со што докажа дека е најголемиот играч во историјата на овој спорт.

Не му беше ова најдобар натпревар во кариерата. Ниту во 100-те најдобри. Но кога беше потребно и кога требаше да направи нешто за натпреварот да се одлучи, Брејди го направи своето.

Во чуден натпревар Патриотс водеа со шокантни 3:0 на полувреме со филд гол.

Единствениот тачдаун на натпреварот се случи на седум минути пред крајот кога играчите на Патриотс со неколку одлични фрлања го пронајдоа Брејди и стигнаа пред голот на Рамс, до тачдаунот се дојде со пробивањето на Мишел. Го погодија и дополнителниот поен за 10:3.

Ова како што споменавме е шеста титула за Патриотс и така се изедначија со Питсбург Стилерс. Овие два клуба сега се клубовите со најмногу трофеи во историјата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…