Home Шоубизнис Новото најавно видео за Game of Thrones открива што може да се случи со ликовите

Новото најавно видео за Game of Thrones открива што може да се случи со ликовите

Емитувањето на осмата сезона од мегапопуларната серија „Game of Thrones“ почнув ана 14 април, а НВО објави нов „тизер“ во кој на обожавателите на овој серијал им даваат насоки што би можело да се случи со омилените јунаци и ликови од истиот.

Обожавателите веќе го забележаа перото кое Роберт го стави на гробот од Лиана, златната рака од Џеими и стрелата од Тирион. Во снегот можат да се забележи ланецот од Даенерис, како и стрелата од Драгонглас. Дали тоа потсетува на битка и дали сите тие ликови ќе умрат – на овие прашања филмските фанови одогворите ќе ги добијат за помалку од две недели.

Емитувањето на осмата сезона од „Game of Thrones“ во САД започнува на 14 април. Шесте епизоди од новата сезона се снимени според сценариото на Џејн Голдман, а режирани од Дејвид Натер и Мигел Сапочник. После финалната сезона, НВО подготвува „спин-оф“ наслови од кои еден е веќе потврден.

„Game of Thrones“ до ден денес е најпопуларната серија која излезе од продукцијата на НВО. Добитник е на повеќе „Еми“ награди, а привлече десетици милиони гледачи ширум цел свет.

Оваа серија со епска тематика дефинитивно го промени поимањето и концептот за серии на западната филмска и телевизиска продукција. Кратко кажано – ништо не е исто после „Game of Thrones“.

Load More Related Articles
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

На адресата на Јелена Томашевиќ пристигнало писмо: Скршена од емоции, пролеала море солзи

Таткото на Јелена Томашевиќ направил нешто пред смртта Скоро две години поминаа од кога та…