Ново невреме ја погоди Словенија – ја зафати и Истра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Силно невреме придружено со обилни врнежи денеска го погоди западниот дел на Словенија и доведе до прекин на електричната енергија и поплави во некои делови од земјата.

Град со големина на јајце падна во Ајдовшчина и Штењело, јавува 24.ур.

Пожарникарите интервенирале поради поплави на подрачјето на Томлин, Нова Горица, Сежана, Лашко, Велење, Целје, Словенска Бистрица и Кунгота, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Силен дожд го погоди Копер, каде што беше поплавена улицата Прешернов, јави РТВ Словенија.

Во Шмарје кај Копар ветерот однесе дел од покривот на училишната зграда, додава СТА.

Словенечката агенција за животна средина, поради очекуваните врнежи, издаде највисоко црвено предупредување за поголем дел од земјата.

Невремето пропратено со врнежи, силни налети на ветер и град се придвижи кон долината Випава, Горишка и Идријск.

Невремето денеска ја зафати и Истра во Хрватска, а над Ровињ се појави голема пијавица.