Ново истражување: Колку шолји кафе смеете да пиете дневно?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најновото истражување поврзано со кафето и неговите штетни и позитивни влијанија врз човечкиот организам оди малку контра претходните тврдења од претходно направените истражувања и анализи.

Ова најново истражување тврди дека кафето, сепак, е корисно за здравјето на луѓето. И тоа тврдење го поткрепува со факти.

Најновото истражување, на пример, вели дека слободно можете да пиете по една или две, па и повеќе шолји кафе дневно, за разлика од претходните истражувања кои наведуваа низа негативни ефекти од поголемата количина консумирано кафе на дневна основа.

Во оваа нова студија биле вклучени речиси 20.000 испитаници, а резултатите покажуваат дека луѓето кои консумирале по 4 шолји кафе дневно имаат 64% помал ризик од рана смрт споредено со оние кои никогаш не конзумирале кафе.

Намалениот ризик од прерана смрт бил понагласен кај луѓето со наполнети 45 години, заради што научниците заклучуваат дека конзумирањето кафе е покорисно за луѓето во постаро животно доба.