Новиот градоначалник на Бања Лука им ги зеде клучевите од службените автомобили на административците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Драшко Станивуковиќ, новиот градоначалник на Бања Лука, само што вчера официјално ја презеде градоначалничката функција, нареди сите клучеви од над 50 службени автомобили да бидат вратени во просториите на канцеларијата на градоначалникот и на Инстаграм објави фотографија со работната маса полна со клучеви.

„Никој нема веќе право да користи службени автомобили за приватни цели. Над 7о отсто од службените автомобили не беа на паркингот пред градската администрација по работното време. Ќе донесеме одлука сите службени автомобили да бидат обележани и ќе подготвиме нов правилник за нивна употреба“, порача градоначалникот.

Тој додаде дека има и автомобили во вредност од околу 50 000 евра кои ќе се продаваат затоа што има повеќе приоритетни работи за граѓаните на Бања Лука.Тој посочи дека расипничкото однесување мора да се запре.