Новиот филм за Бетмен стигнува во 2021 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Продуцентската компанија Warner Bros. официјално потврди дека новиот „Batman“ во кино салите пристигнува на 25 јуни, 2021 година.

Сценариото и режијата за ова продолжение од франшизата за супер-херојот ќе бидат потпишани од Мат Ривс. Оние кои се блиски до проектот се воодушевени од досегашниот напредок кој го има направено Ривс.

Студиото сега чека финална верзија од сценариото, за потоа да го објави кастингот и да го избере актерот за главната улога од супер-херојот на DC. Се шпекулираше дека тоа ќе биде Бен Афлек, но актерот се дистанцираше од оваа улога.

Тој го глумеше Бетмен во „Batman VS Superman: Dawn of Justice“ во 2016 и „Justice League“ од 2017 година.

Продолжението под палката на Ривс ќе се фокусира на „помладата верзија“ од стрип јунакот.