Рафаел Самуел ќе ги тужи родителите оти го донеле на свет без негова дозвола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Самуел верува дека сите проблеми кои ги имал во детството почнале кога неговата мајка одлучила да му подари живот.

27-годишниот Рафаел Самуел од Индија е решен да ги тужи своите родители, бидејќи му подариле живот без негово одобрување. Смета дека сите раѓања на деца, всушност, се киднапирање и ропство.

Самуел вели дека има одличен однос со родителите, но дека тоа не ја надополнува неправдата која му ја направиле со неговото раѓање. Верува дека луѓето треба да се воздржат од размножување, бидејќи раѓањето деца без нивна согласност е морално погрешно.

Тој тврди дека ги сака своите родители, но дека тие него го направиле заради лично задоволство.

„Мојот живот е супер, но и понатаму не гледам од каде им е правото да ми наметнат тегнење, гнавење, школување и барање работа, особено ако не сум ни барал да постојам“, објаснува типот.

Но, Самуел не е единствен со вакво убедување. Неговата Фејсбук страница Nihil-Аnand има илјадници следбеници. Тие веруваат дека родителите, во суштина, се најголемите лицемери.

„Твоите родители те имале наместо играчка или куче, не им должиш ништо, ти си бил нивно разбивање на монотонијата“, пишува на една од објавите на оваа страница.