Новинарската фела револтирана од ароганцијата и цинизмот на Ангеловска и Бектеши на прес-конференцијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На вчерашната прес-конференција која ја одржаа министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши, наместо одговори за граѓаните кој, кога и како може да добие платежни картички од 6 плус 3.000 денари за купување на домашни производи и ваучери за туризам од 6.000 денари, министрите настапија со напад кон новинарите – констатираа нетрпеливост и притисоци во прашањата дури и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања.

Тоа предизвика револт кај новинарската фела која побара од Владата за следен пат да си ги воспита и да ги поучи младите министри како се држи прес-конференција, а и да ги извести добро за тоа за што ќе биде пресот.

И после прес конференција од час и половина и повторување на презентацијата од пред неколку денови на техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој ги најави мерките од третиот сет и кажа дека ќе тежат 355 милиони евра, останаа низа необјаснети прашања за граѓаните.

Она што го дознавме, е дека некаде јуни – јули ќе се издаваат картичките на невработените со приходи под 15.000 денари. Нема да треба да аплицираат туку УЈП од Годишните даночни пријави ќе вади листа на граѓани кои ги исполнуваат условите. Со картичките нема да може да се вади готовина, туку парите ќе се трошат за плаќње на сметки за купување на домашни производи. Истата постапка ќе биде и за ваучерите за туризам, за вработените со плати под 15.000 денари, а ваучерите ќе може да се користат до крајот на годината. Најголем дел пак од мерките за компаните се бескаматни кредити, државна гарантна шема за комерцијални кредити, поддршка на инвестиции, пласман на нови пазари, а голем дел се планиранирани да почнат со реализација во септември.