Новинарите го избраа играчот на сезоната во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг прогласен е денес за фудбалер на годината во Англија во изборот на Здружението на фудбалските новинари.

Стерлинг оваа сезона игра фантастично и ги предводи „граѓаните“ кон нова титула во Премиер лигата. Постигна 17 погодоци во првенството, а вкупно 23 во сезоната, при тоа запиша 17 асистенции.

Стерлинг победи со 62% од гласовите, а второпласиран во изборот на FWA е одбранбениот играч на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк кој претходно беше прогласен за најдобар од страна на Здружението на професионални фудбалери.