Home Спорт Милан бара замена за Гатузо, Покетино ги одби „росонерите“

Милан бара замена за Гатузо, Покетино ги одби „росонерите“

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, ќе остане на функцијата до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот од „Сан Сиро“.

Ова стана јасно денес откако Гатузо имаше состанок со челниците на клубот, Леонардо, Паоло Малдини и Иван Газидис.

На кризниот состанок било одлучено Гатузо да остане на кормилото на миланскиот гигант до крајот на сезоната, а потоа двете страни спогодбено да се разделат.

Милан е во голема криза и после вчерашниот пораз од Торино падна на 5-то место на табелата, па ќе се обиде во последните четири кола да избори пласман во Топ 4.

Џенаро Гатузо сигурно ќе замине на крајот на сезоната, без разлика дали ќе го одведе Милан во Лигата на шампионите или не.

Раководството веќе ја започна потрагата по негов наследник, а првиот пик, Маурисио Покетино денес јавно му даде „корпа“ на Милан.

„Прочитав низ медиумите, ништо повеќе. Ова е дел од фудбалот, доколку разговараме за интерес од останатите клубови, јас само би земал во предвид тоа што се зборува со почит. Мене шпекулации не ми се потребни, јас останувам во Тотенхем“, изјави Покетино.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…