Нови протести во Романија против планот премиерот за амнестија


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Илјадници луѓе маршираа во Букрешт и во други романски градови против планот на владата да амнестира корумпирани политичари и да декриминализира некои престапи.

Романскиот премиер Сорин Гриндеану изјави дека сака да добие право да помилува затвореници, бидејќи затворите биле преполни.

Тој вчера оцени дека протестите биле политизирани и го критикуваше претседателот Клаус Јоханис кој во минатата недела учествуваше на слични вакви протести.

Јоханис, главниот обвинител, Врховниот суд и Специјалното обвинителство за борба против организираниот криминал го критикуваа планот на владата.