Нови проблеми за ПСЖ: Уште една ѕвезда „аут“ против Јунјатед

Пари Сент Жермен ќе биде значително ослабен за дуелот со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони.

Имено, после Нејмар и Верати, натпрварот против „црвените ѓаволи“ ќе го пропушти и напаѓачот Едисон Кавани.

Кавани синоќа го постигна единствениот гол против Бордо, а потоа се повреди. Француските медиуми утрово објавија дека Уругваецот ќе го пропушти мечот против Манчестер Јунајтед.

„Секако дека имам резервен план за секој меч, така ќе биде и против Јунајтед, сега за жал без Кавани, Нејмар и Верати наместо план Б ќе подготвувам план Д“, изјави Тухел.