Home Спорт Нови преговори помеѓу Интер и Арсенал – Обамејанг веќе му посака добредојде на Перишиќ

Нови преговори помеѓу Интер и Арсенал – Обамејанг веќе му посака добредојде на Перишиќ

Интер вчера и официјално потврди дека Перишиќ побарал трансфер, а најсериозен интерес за Хрватот покажува Арсенал.

„Топџиите“ веќе испратија понуда за позајмица со право на откуп, но „нероаѕурите“ експресно ја одбија бидејќи не сакаат да го пуштат Перишиќ на позајмица.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба денес имале нова рунда преговори. Интер и Арсенал имаат договор за сумата (40-45 милиони), но миланскиот клуб бара задолжителен откуп на лето.

Доколку Арсенал се согласи на таа опција, трансферот би можел да се комплетира во следните денови.

Во меѓувреме, ѕвездата на Арсенал, Обамејанг стави „лајк“ на објавата дека Перишиќ побарал трансфер и со тоа јасно стави до знаење дека го очекува Хрватот на „Емирати“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…