Нови 3 милијарди долари заработка за Безос од продажба на акции во Amazon


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според податоците на Американската комисија за хартии од вредност и берзи, кои беа објавени вчера, првиот човек на Amazon, Џеф Безос, продал акции од својата компанија во вредност од 3 милијарди долари.

Безос од продажба на акции оваа година веќе заработи 10 милијарди долари, објави СЕЦ.

Тој во 1994 година го основа Амазон и сѐ уште е најголемиот акционер на компанијата. Богатството на 56-годишникот се проценува на 190 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек во светот според Форбс и Блумберг.

Вредноста на Амазон е проценета на 1,6 трилиони долари, а од почетокот на оваа година порасна за повеќе од 75 отсто.