Нова рунда преговори за името после тригодишна пауза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес почнува новата рунда преговори во Брисел меѓу Македонија и Грција со посредство на медијаторот Метју Нимиц.

По подолга пауза двете страни ќе треба повторно да ги соочат своите аргументи по однос на прашањето за името. МНР и официјално потврди дека нема да има проширување на преговарачкиот тим – на средбата со медијаторот Нимиц ќе присуствуваат амбасадорот на Република Македонија во САД, Васко Наумовски и дипломатскиот претставник од Министерството, како и грчкиот преговарачки тим кој ќе го предводи Адемантиос Василакис.

„Владата на Република Македонија ќе ги информира медиумите, а со тоа и јавноста за понатамошните чекори за ова важно и чувствително прашање кое е од највисок државен интерес“, соопштија од МНР.

Од канцеларијата на Нимиц информираа дека „средбата е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името и дека новата рунда разговори доаѓа во период на подобрена политичка клима меѓу Македонија и Грција.“

Пред почетокот на најновгата  рунда , Нимиц за Независната Балканска новинска агенција изрази надеж дека овојпат ќе бидат надминати  црвените линии поставени од Атина и Скопје.

Оптимист е и премиерот Заев. „Во услови на ваква политичка клима Македонија очекува во 2018 да добие покана за членство во НАТО“,  вели  Зоран Заев во интервју за Бугарскиот медиум Bulgaria ON AIR. Во интервјуто исто така додава и дека очекува Бугарија и другите европски земји да и помогнат на Македонија да го реши прашањето со името со Грција.

Поддршка за надминување на спорот стигна и од бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој посочи дека сите заедно треба да и помогнат на Европската Комисија и на Брисел за да донесат правилни одлуки, а не да поставуваат ултиматуми. Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека е можно решение доколку како што рече Скопје се откаже од тезата дека граѓаните таму се единствени наследници на Александар Македонски.