Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Почнувајќи од 2006 година, веб-страницата Global Firepower го објавува својот годишен извештај и рангирање на националните вооружени сили, од најсилни до најслаби.
Минатиот месец беше објавено годинашното рангирање на воената сила на земјите. На ранг-листата од вкупно 145 земји, Македонија е во долната половина или попрецизно на 108.место според воената сила, зад Киргистан и Камбоџа, пред Гана и Мали.
Global Firepower на секоја од 145-те земји во рангирањето и пресметува специфичен „индекс на моќ“, индекс пресметан врз основа на повеќе од 50 фактори кои вклучуваат не само строга воена моќ, туку и финансиска состојба, логистички капацитет и географски услови.
САД кои со години се на врвот на оваа листа, одново ја имаат лидерската позиција. Индексот на моќност на САД како воена сила е 0,0712. САД имаат 92 активни уништувачи, 11 носачи на авиони и 13.300 авиони. Исто така, САД имаат 983 хеликоптери во својот арсенал и се најсилната армија во светот.
Покрај тоа, САД трошат најмногу на војската. Годишниот буџет е околу 750 милијарди долари, три пати повеќе од Кина. Русија сѐ уште е на второто место. И покрај ограничените успеси и големите загуби што ги доживува во Украина веќе година и пол, Русија останува светска воена сила.
„Тековната руско-украинска војна ги покажа клучните ограничувања на воените капацитети на Русија и покрај нејзината супериорна бројност и материјална супериорност во однос на соседна Украина“ – стои во објаснувањето.
На трето место е брзорастечката Кина.
„Кина се искачува кон второто место“,Доколку продолжи со ваквиот развој на армијата,таа ќе стане главен конкурент на водечките САД“ – стои во описот.
Кинеската војска, според статистичките податоци, има помодерно оружје и опрема отколку за време на Студената војна. Така, овој сајт наведува дека 57% од оружјето во Кина е од современо производство, додека 43% се однесуваат на оружје од времето на Студената војна.
За споредба, САД имаат 47% од модерното оружје и 53% од оружјето и опремата од Студената војна.
Индија е на четвртото место, а Обединетото Кралство ги заокружува првите пет најсилни светски воени сили според овој избор.
Следниве земји се рангирани до десеттото место: Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија.
Украина е особено интересна бидејќи моментално е во војна. Тие се пласираа на 15. место на оваа ранг листа. Се наведува дека Украина значително ја зајакнува својата армија со помош на Западот. Минатата година Украина исто така беше на 15. место во оваа селекција, додека претходната година беше на 25. место.
Во описот на Украина се додава дека 2023 година е критична година која ќе го насочи развојот на украинската армија во зависност од настаните на бојното поле.
Што се однесува до регионот највисоко рангирана е Србија е на 58. место со тенденција за понатамошен раст. Хрватска е 69-та со надолен тренд.
Словенија на оваа листа е на 86. Место. Македонија е рангирана на 108.место, а зад неа од земјите од регионот се Босна и Херцеговина е на 133. место, веднаш пред Косово.
Така БиХ и Косово се практично на самото дно, во 15-те најлошо рангирани земји. А петте најлошо рангирани се: Либерија, Сомалија, Молдавија, Бенин и Бутан.