Home Вебкафе Нова ерупција на еден од најактивните вулкани на светот – импозантни и стравични сцени (снимка)

Нова ерупција на еден од најактивните вулкани на светот – импозантни и стравични сцени (снимка)

Килауа е еден од најактивните вулкани на светот кој повторно почна да исфрла лава, но засега само од главниот кратер и не е закана за населението, соопштија американските власти.

„Вулканот исфрла лава во висина од петкатница”, објави на Твитер, Американскиот геофизички завод.

Првите пукнатини на кратерот се појавиле во средата, а набрзо се претвориле во реки лава вжарена на 1.100 степени целзиусови.ерупцијата засега не е закана, но привлекува туристи.

Килауа е еден од петте вулкани на хаваи, најголемиот остров во пацифичкиот архипелаг. Во 2018 година ерупцијата на килауа уништи стотици куќи, а дваесетина луѓе кои беа на брод и од таму ја набљудуваа активноста на вулканот, беа повредени кога лавата стигна до океанот. Еден од нив беше тешко повреден од прскањето на магмата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…