„Дизни“ и Скарлет Јохансон се договорија на 50 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудската актерска ѕвезда Скарлет Јохансон и продукцискиот гигант „Волт Дизни“ постигнаа судски договор во врска со нејзинта тужба, па оваа компанија ќе ѝ исплати 50 милиони долари поради кршењето на договорот.

Во тужбата, актерката изјави дека нејзиниот хонорар бил поврзан исклучиво со прикажувањето на филмот „Црна вдовица“ во киносалите, односно дека во договорот не е наведено дека филмот истовремено ќе биде објавен и на стриминг платформите, „Дизни плус“.

На суд барала 50 милиони долари отштета, а вчера за медиумите потврди дека „Дизни“ се согласил да ѝ ја исплати таа сума.

– Среќна сум што спорот со „Дизни“ конечно заврши. Неверојатно сум горда на работата што ја извршивме заедно и со години уживав во соработката со нив. Се радувам на заедничките проекти на коишто ќе работиме во иднина – кратко искоментирала Скарлет.

По тој повод се огласил и Алан Бергман, претставник на студиото „Дизни“.

„Многу сум задоволен што успеавме да постигнеме заеднички договор со Скарлет Јохансон за спорот околу „Црната вдовица“. Го цениме нејзиниот придонес во кино-универзумот „Марвел“ и со нетрпение очекуваме да работиме заедно на уште многу претстојни проекти, вклучувајќи ја и „Кулата на теророт.“