Вандализам во Струга: Искршени бистите на Славко Јаневски и Анте Попоски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вандали ги искршиле спомен бистите на македонските поети.

Обезглавена е бистата на поетот Анте Попоски демонтирана од постаментот во алејата на писателите  и фрлена во водите на Охридското езеро додека на спомен-обележјето на Славко Јаневски има  оштетување. Од охридската полиција велат дека извршен е увид и се трага по сторителите и откривање на мотивите на овој вандалски чин.

Од поетската манифестација Струшки вечери на поезијата остро реагираат на ваквото вандализирањето на бистите на македонските поети и очекуваат сторителите веднаш да бидат казнети

За жал  ова не е прв пат да бидат сквернавени бисти на македонски поети во Алејата на писателите и Паркот на поезијата .Спомениците на културата настрадаа и пред неколку години кога дел од нив беа оштетени ,искршени, а дел исчезнаа.