Нов земјотрес од 5,2 степени според Рихтер ја потресе Јапонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јапонската преферктура Фукушима, неколку часа откако истиот регион беше погоден од земјотрес со магнитуда од 7,3 степени.

Иако според првичните извештаи беше јавено дека станува збор за потрес си магнитуда од 5,7 степени, сепак подоцна Европската сеизмолошка опсерваторија јави дека е со 5,2 степени. Епицентарот на земјотресот, кој бил на длабочина од 10 километри, бил во морето.

Јапонските медиуми јавуваат дека засега, по последниот земјотрес, не е издадено предупредување за цунами.

Досега нема извештаи за причинета материјална штета од синоќешниот земјотрес со јачина од 7,3 степени, кој предизвика проблеми со системот за ладење на нуклеарната електрана „Фукушима“. Управата на електраната успеа за 90 минути да ја поправи пумпата која, наводно, се оштетила од силниот земјотрес.

Според последните информации, синоќешниот земјотрес, кој беше проследен со цунами-бранови со височина од еден метар, повреди седум лица.