Нов трејлер за „Куќата на Гучи“ со Лејди Гага во главната улога


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На интернет е објавено новото најавно видео за еден од најочекуваните филмови во сезоната „Куќата на Гучи“, во кој главната улога ја толкува Лејди Гага.

Заплетот на филмот е за Патриша Реџани која станува дел од семејството Гучи и се обидува да се вклучи во семејниот бизнис и покрај незадоволството на нејзиниот сопруг Маурицио Гучи и неговиот татко. Патриша остана најконтроверзната личност во модната индустрија, која во 1995 година била осудена на 29 години затвор за убиството на нејзиниот сопруг, внук на основачот на модната куќа Гучи.

Во филмот играат и Адам Драјвер, Џаред Лето, Џереми Ајронс, Ал Пачино и Салма Хајек, но судејќи според коментарите под трејлерот, пејачката Лејди Гага најмногу ги воодушевила луѓето со својата глума.

„Гага е толку природна што дури и забораваш дека глуми“, „Таа навистина ја отелотворува улогата “, „Ова ќе биде одлично. Гага, ти си кралицата“, „Таа е на повисоко ниво. Кога таа ја играше Али, можев да ја видам сенката на самата Гага во глумата, но ова, ова е Патриција“, „Гага дефинитивно ќе добие Оскар за оваа улога”,„Импресивно“, „Знаеме кој ќе добие Оскар“, „Ова е одлично“, се само дел од коментарите.

Филмот на Ридли Скот, за кој многумина предвидуваат дека ќе биде еден од најголемите филмски хитови оваа година, ќе се појави во кината на 25 ноември.