Нов предлог за олабавување на мерките против КОВИД-19: Полициски час од полноќ, отворање на фитнес центрите и теретаните


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стабилизирање на епидемиолошката состојба со Ковид-19 во земјата е иницијална причина за Комисијата за разни болести да предложи намалување на рестриктивните мерки во Македонија.

Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека го Главниот кооординативен кризен штаб предложил полицискиот час да трае од полноќ до пет наутро, кафеаните на отворено да работат до 23.30 часот, како и да се отворат фитнес центрите и теретаните.

„Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги предложив на Главниот координативен кризен штаб. Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.

– Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24:00 часот до 5:00 часот наутро.
– Угостителските објекти да работат до 23:30 часот. Да се укине забраната за работа на фитнес-центрите и теретаните.
– Организирање настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.
– Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.
– Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори“, соопшти Филипче.

Со новите мерки ќе се доволи и организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно со присуство на 30 % од целосниот капацитет. Капацитетот на градинките се зголемува од 15 на 20 деца во групи.

Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и да земат нови годишни одмори.

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица. Предлог-мерките се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница.