Катица Јанева не се појави на отворената судска седница за случајот „Рекет“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившата специјална јавна обвинителка и неправосилно осудена во случајот „Рекет“, Катица Јанева, не се појави во Апелациониот суд во Скопје кој за денес ја закажа јавната седница по жалбите на Јанева и Бојан Јовановски.

За случајот „Рекет“ Јанева доби седум, а Јовановски девет години затвор. Здравствени причини се пречка за Јанева денес да не дојде на закажаната јавна седница.

Таа со писмо го известила второстепениот суд дека не е во можност да присуствува на седницата. Во писмото е наведено и дека е согласна седницата да се одржи без нејзино присуство.

За денес е предвидено пред второстепените судии да бидат образложени жалбите на двајцата неправосилно осудени во овој предмет, па потоа во најкус можен рок Апелацискиот суд треба да донесе одлука по жалбените наводи.