Home Шоубизнис Ноле и Роналдо на заеднички тренинг во теретана во Дубаи

Ноле и Роналдо на заеднички тренинг во теретана во Дубаи

Кога на едно место ќе се најдат заедно две врвни светски ѕвезди од светот на спортот, како легендите Новак Ѓоковиќ и Кристиано Роналдо, тоа е атракција за сите нивни обожаватели.

Славниот тенисер ги завршува подготовките во Дубаи пред стартот на новата сезона, па на еден од тренинзите друштво му правеше еден од најдобрите светски фудбалери, Кристиано Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Ноле и Кристиано одработиле заеднички тренинг во Дубаи. Ѓоковиќ на тренингот добил и совет од супер подготвениот Роналдо како подобро да скока.

„Го подучувам Новак како подобро да скока! Беше задоволство да се тренира и другарува со тебе, пријателе“ напиша Роналдо под видеото со Ѓоковиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Крај на љубовната приказна на Мел Овенс и Пег Мансон од „Златниот ерген“

Пег Мансон објави дека ја прекинала врската со Мел Овенс, речиси една година откако нивнат…