Нил де Грас Тајсон обвинет за сексуална злоупотреба и малтретирање


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Две соработнички на астрофизичарот од популарниот научен документарен серијал „Космос“, Нил де Грас Тајсон, го обвинија научникот за сексуално малтретирање.

Продуцентите и телевизијата кои го потпишуваат научно-документарниот серијал ,,Космос” , детално ќе ги проверат обвиненијата на двете жени пред да ја продолжат новата сезона на популарниот астрофизичар Нил де Грас Тајсон.

Станува збор за две жени, соработнички на астрофизичарот и тоа д-р Кетлин Н. Алерс, професорка по физика на универзитетот во Бакнел и поранешната асистентка на Тајсон, Ешли Вотсон.

Првата вели дека била силувана на забава на Американското астрономско друштво во 2009, а втората дека поради постојаните напади морала да даде отказ.

Претходно уште една жена го обвини научникот дека ја силувал уште додека студирале.