Невидена глупост на италијанската ѕвезда: Се степа на пријателски натпревар и ја повреди раката! (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Настапот на најголемата италиајнска ѕвезда Данило Галинари на Евробаскетот е под знак прашалник после синоќешниот пријателски меч против Холандија.

Галинари на пријателскиот меч со Холандија се степа со Јит Кок, па удирајќи го со тупаница противничкиот центар го скрши палецот на раката.

Инцидентот се случи во борба за позиција по изведувањето на слободните фрлања на еден италијански репрезентативец.

Двајцата играчи си разменија по неколку удари, а откако страстите се смириија Галинари замина во болница на прегледи каде било констатирано дека има фрактура на палецот на раката, поради што нема да може да игра на Европското првенство.