Мадуро прогласи победа: Венецуела во хаос, десет мртви во уличните немири


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи победа на изборите за Уставотворното собрани. Опозицијата ја оспори победата, велејќи дека на гласање излегле само 12 отсто од избирачите. За време на гласањето многу демонстрантите, против изборите кои ги проведе претседателот, константно се судираа со полицијата. Според полициски извори животите ги загубиле најмалку 10 лица.

„Имаме Уставотворно собрани“, рекол Мадуро обраќајќи им се на стотици свои приврзаници во Каракас, откако Изборната комисија соопшти дека на изборите излегле 41,5 отсто од избричите. Од друга страна опозицијата наведува дека излезноста била само 12 отсто.

„Ова е најголема победа која револуцијата ја оствари во 18-годишната историја“, рекол Мадуро.

Гласачите бирале 545 членови на Уставотворното собрание чие формирање го бараше претседателот на Венецуела.

Опозицијата со месеци се противи на овој предлог, со образложение дека Мадуро само ќе ја зајакне диктатурата.

Мадуро, кој е непопуларен во Венецуела поради економскиот колапс кој во изминатите четири години и се случи на државата, инсистирал на гласањето со цел да се оформи собрание кое би имало широки овластувања. На ваквиот предлог опозицијата одговори со повеќемесечни протести, а САД на Венецуела и се заканија со санкции.

Критичарите предупредуваат дека собранието ќе му овозможи на Мадуро да го распушти Конгресот во кој мнозинството го има опозицијата, односно дека ќе ги одложи идните избори и ќе ги смени изборните правила.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, преку „Твитер“ порачала дека изборите кои ги организираше Мадуро „уште еден чекор кон диктатура“ и дека САД „нема да ја прифатат незаконската влада“ во Каракас.

Агенцијата Ројтерс која го објави твитот на Хејли пишува дека ова може да се толкува и како прв официјален став на Вашингтон на гласањето кое го организираше претседателот Мадуро.