Неверојатно: Постигнаа гол од половина терен, па судијата се збуни и го поништи!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Донесе правилна одлука, но чудно е тоа што порано ја прекина прославата на младите Чеси.

Ова секако би бил еден од најдобрите голови на сите времиња, да бил прекршок, а не индирект, или на патот кон голот некој да ја допрел топката.

Долго ќе се памети завршницата на натпреварот помеѓу Португалија и Чешка на Европското првенство за играчи помлади од 19 години. Португалците водеа со 2:1 кога во близината на центарот, на делот на теренот кој го брани Чешка, досуден е индирект за таа репрезентација. Чешкиот дефанзивец и капитен на тимот, Халус совшрено го изведе овој прекин и со повеќе од половина терен го совлада голманот на Португалија.

Целиот стручен штаб и тимот на Чешка тргна да се радува, бидејќи во завршницата успеаа да дојдат до бод, и тоа на каков начин, но по неколку десетина секунди турскиот судија го поништи голот поради тоа што се работеше за индирект, а топката на патот кон мрежата не допре до било кој друг играч.

Со еден збор – штета!