Неверојатно, но вистинито: Рамос и се восхитува на Барса!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал синоќа потешко од предвиденото стигна до победа над Бетис со која се врати на врвот на табелата, а Серхио Рамос уште еднаш покажа зошто е најважниот човек кај „кралевите“.

Дефанзивецот на Реал повторо постигна гол со глава во последните минути од натпреварот и стигна до бројката од 10 гола оваа сезона.

Иако пред некоку дена капитенот на „кралевите“ јавно истакна дека сака Барса да биде елиминирана од ЛШ, сега испрати честитки до ривалот за историската победа.

„Барселона одигра многу добро. Вистината е дека тоа беше историска победа во секој поглед. Јас сакав да испаднат бидејќи очигледно дека се една од најдобрите екипи во светот“, истакна Рамос,а потоа го прокоментира судењето на тој натпревар.

„Судијата? Понекогаш имаат одлуки во ваша полза, понекогаш против вас. Таков е фудбалот!“