Неверојатно ЧУДО на Островот каде е забрането да се роди бебе: Соседите воодушевени, пристигна првиот млад живот по 12 години (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На отвфрлениот бразилски Остров, Фернандо де Нороња, живеат 3000 луѓе, но нема породилиште. Раѓањето е забрането, но мештаните сепак го слават неочекуваното пристигнување на свет на првото бебе по 12 години.

Иако првиот поголем град е Натал, оддалечен дури 370 километри, мештаните се пораѓаат на копно. Таа традиција е прекината во саботата кога неименувања 22-годишна жена која вели дека не ни знаела дека е трудна, се породила.

„Во петокот вечерта, почувствував болки и кога отидов до тоалетот, видов дека нешто ми се спушта помеѓу нозете“, вели младата девојка за еден портал.

„Тогаш пристигнал таткото на детето и го зел. Беше тоа бебе, девојче. Занемев“, додава младата мајка. Бебето брзо било префрлено во локалната болница, која ја потврдува вистинитоста на приказната.

„Мајката, која не сака да се открие, добила болка во својот дом… Семејството вели дека не знаела за бременоста“, се наведува во соопштението на болницата.

Мештаните на Островот сакаат да го прослават ова ретко случување, па и помогнаа на семејството и донираа облека за малата. Инаку, Островот Фернандо де Нороња е познат по плажите кои се сметаат за едни од најубавите на светот, а познат е и по морскиот национален парк. Во тој дел живеат морски желки, делфини, китови, ретки птици и други заштите морски врсти.

Токму поради чувствителноста на животинскиот свет, на островот има ограничен број на жители.