Home Актуелно Повеќе јавни чешми во прилепско со неисправна вода за пиење

Повеќе јавни чешми во прилепско со неисправна вода за пиење

Не е исправна водата за пиење од повеќе јавни чешми во населените места во прилепско.

Од центарот за јавно здравје информираат дека не е исправна за пиење водата од крајпатната чешма на селата Штавица и Плетвар, од чешмата кај ресторанот „Че“, од јавните чешми во селата Леништа, Ореовец, Прилепец, Волково, а не е исправна ниту водата од чешмите што се среде селата Чумово, Мало Рувци и Беловодица.

Водата од овие чешми не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути, препорачуваат надлежните од прилепскиот Центар за јавно здравје, по резултатите од редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде нема водоводи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…