Неверојатна тепачка на паркетот: Торонто – Мајами се претвори во бокс меч (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На натпреварот помеѓу Торонто и Мајами дојде до физичка пресметка помеѓу центрите на двата тима Серж Ибака и Џејмс Џонсон.

На осум минути до крајот на третата четвртина двајцата кошаркари си разменија по неколку удари поради што веднаш беа исклучени.

Инаку ова не беше единствен инцидент на дуелот поемѓу Репторс и Хит. По завршувањето на дуелот вербално се судрија Демар Дерозан и Горан Драгиќ, а соиграчите спречија и нивната расправија да прерасне во тепачка.

Натпреварот во Торонто заврши со минимална победа на Мајами 89:90.