Несторовски: Сакам да останам и да го вратам Палермо во Серија А


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски одлично ја започна сезоната во Палермо и на првиот пријателски натпревар постигна четири гола против аматерски тим од Австрија.

После мечот Нестовски потврди дека не размислува да го напушти Палермо ова лето и сака да му помогне на тимот од Сицилија да се врати во Серија А.

„Задоволен сум од четирите гола што ги дадов, но поважно е што играме добро како екипа. Му благодарам на Зампарини што ми ја даде оваа доверба да бидам капитен на тимот. Тоа е голем мотив за мене, да продолжам да работам“.

„Подготвен сум да останам во Палермо. Во моментов не размислувам за трансфер. Наша цел е веднаш да се вратиме во Серија А, бидејќи навивачите го заслужуваат тоа“, истакна Несторовски.

Претседателот на Палермо, Зампарини пред неколку дена изјави дека одбил понуда од 15 милиони евра за Македонецот и сака да го задржи во тимот.