Home Спорт Нестор човек на одлука: Постигна гол и донесе победа за Палермо (ВИДЕО)

Нестор човек на одлука: Постигна гол и донесе победа за Палермо (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски и оваа сезона игра во одлична форма во дресот на италијански Палермо, пишува Спортски.мк.

Во рамките о 30-тото коло од Серија Б Палермо со 1:0 ја совлада Верона, а единствениот гол на натпреварот беше дело токму на Несторовски кој ја погоди мрежата во 46-тата минута.

Ова беше 10-ти гол за Македонецот во првенството, додека еден постигна и во Купот на Италија против Каљари.

Несторовски на теренот го помина цел натпревар, а Александар Трајковски на оваа средба беше заменет во 87-та минута.

Извор: Спортски.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…