Home Спорт Брестовац одлучи: Со овие 16 ракометари ќе играме против Исланд

Брестовац одлучи: Со овие 16 ракометари ќе играме против Исланд

Македонските ракометари денес патуваат за Рејкавиќ каде што утре ги очекува натпревар против Исланд во рамките од квалификациите за Европското првенство, пишува Спортски.мк.

Селекторот Брестовац го соопшти конечниот список од 16 ракометари кои ќе конкурираат за утрешниот натпревар. За настап против Исланд нема да бидат во комбинација, Мартин Томовски, Димитар Димитриовски, Мартин Манасков и Мартин Серафимов.

Брестовац против Исланд ќе смета на следните ракометари:

Ристовски и Митревски се голманите, Манасков, Маџовски, Георгиевски и Поповски ќрила, Талески, Кузмановски, Н. Маркоски, Кукоски, Лазаров, Јагуриновски и Танкоски ќе ја сочинуваат бековската линија, пикери се В. Маркоски, Стоилов и Пешевски

Натпреварот помеѓу Исланд и Македонија се игра утре со почеток во 21:45 часот, додека на 14-ти април Исланд ќе гостува во Скопје.

Извор: Спортски.мк

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…