Еден од баткиве бил застанат и било побарано да се легитимира бидејќи не носел заштитна маска согласно една од актуелните превентивни мерки кои се на сила кај нас заради коронавирусот. Дали е тоа паметна, ефективна и добра мерка – тоа е едно прашање, ама кога тоа е владина мерка, а полицијата е вршител на санкции согласно таа директива, едноставно нема есап да се расправаш со џандарите, особено ако си виновен. Е сега, еден од баткиве во сета таа тензија го фати еден од полицајците за врат, па потоа следуваше драмата и колективното апсење. Не дека ги браниме или правдаме полицајците, не ни се нешто многу омилени и драги, ама момциве се прилично смотани, овој го снима другарот како напаѓа цајкан фаќајќи го за врат и му вика на цајканот – „ќе го јадеш за ова“. Еве, баш нè интересира како. Реално, полицијата е зезната структура, кај нас тоа го посведочивме безброј пати изминативе години. А сведоци сме дека во САД за вакви ситуации цајканите се брутални и веднаш пукаат со огнено оружје.
Home Актуелно Нервозни батки VS полицајци на „Партизанска“ пред „Силбо“ – со фаќање за гуша, со драми, со сè
-
Снимка од брканицата на полицајците од МВР со криумчарот на мигранти кој се обиде да им бега
Криумчар на мигранти од скопско Студеничани е уапсен од полицијата во Куманово, откако се … -
Најголемата „гробница“ за гуми во светот (снимка)
Се наоѓа во Кувајт. Кога се горат, чадот се гледа од вселената. … -
Малиот емотивно реагираше на средбата со Роналдо (снимка)
Ал Наср објави снимка од подтрибинскиот простор на стадионот во Јапонија на кој се играше …
Вчитај повеќе поврзани статии
-
Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно
Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен… -
Нов YouTube серијал „Urban Explorer“ – Откривање на убавините на Скопје, епизода по епизода!
Дали сте подготвени за едно поинакво истражување низ нашиот главен град Скопје? Не истражу… -
Афера „Синџир“: 26 сопственици и управители на 28 правни субјекти со низа кривични дела ја оштетиле државата за 8 милиони евра
Македонското Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе ис…
Load More In Актуелно
Comments are closed.
Check Also
7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)
7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…