Непознати лица во Скопје запалиле автомобил Ауди

Три непознати лица запалиле автмобил Ауди на улица Христијан Тодоровски Карпош во Скопје.

Педесет и петгодишниот сопственик на автомобилот го пријавил инцидентот дваесетина минути по полноќ. Подметнувачите на пожарот го виделе сопственикот на автомобилот и веднаш избегале. Пожарот бил локализиран од сопственикот и соседите.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.