Нема веќе да има порнографски содржини на OnlyFans


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


OnlyFans става крај на порнографските содржини. Оттаму најавија дека целосно излегуваат од бизнисот со порнографија и од 1-ви октомври порнографските содржини ќе бидат забранети на оваа платформа.

Почнувајќи од октомври креаторките и креаторите на содржини нема да смеат да објавуваат експлицитни содржини, меѓутоа и понатаму ќе смеат да објавуваат голи фотографии и видеа. Отприлика целата содржина во иднина ќе личи на порно од ТВ-1000.

Иако платформата не е исклучиво порнографска и е замислена за секој (од филмски, музички и спортски ѕвезди до инфлуенсери) да може да има директен контакт со своите фанови, и тоа да може да го наплати, сепак таа најмногу се прослави како платформа за порно и еротски содржини, која им овозможува на сексуалните работнички / работници безбедно да вадат егзистенција и да не зависат од посредници или огромни продукциски компании.

За време на пандемијата платформата забележа сериозен скок на популарноста како по бројот на креатори, така и по бројот на корисници. Моментално OnlyFans има над 130 милиони корисници.

Финтата е што на сајтот почнаа да се собираат сè повеќе музичари, фитнес инструктори и готвачи, наместо сексуални работнички, па сега OnlyFans сака да излезе од порно-индустријата и да се префрли на меинстрим содржините.

Главна причина за ова е притисокот што го има од банките и компаниите за обработка на кредитни картички. Како и тоа што заради порното не може да собере доволно пари од инвеститори и покрај тоа што компанијата е проценета на 1 милијарда долари.

„Со цел да се осигура долгорочна одржливост на платформата, и таа да продолжи да биде дом на инклузивна заедница од креатори и фанови, нашите правила за содржини мора да еволуираат,“ порачаа од OnlyFans .

Минатата година OnlyFans имаше продажба од над 2 милијарди долари, а годинава е на пат да направи два пати повеќе од тоа. OnlyFans задржува 20% од оваа сума.

Пред некое време Би-би-си имаше истрага која покажа дека компанијата е попустлива кон креаторите кои објавуваат забранети содржини и дека модераторите на сајтот не се држат до поставените стандарди.