Home Вебкафе Нема поголемо ѓубре од политичар – Паоло Полидори е жив доказ за тоа

Нема поголемо ѓубре од политичар – Паоло Полидори е жив доказ за тоа

Паоло Полидори е заменик градоначалник на италијанскиот град Трст кој во моментов е една од најомразените личности во Италија поради неговиот срамен и бесчувствителен гест кој го направил кон еден трстенски бездомник.

Полидори, на зимските студови кои ја тресат Европа, му ја зел облеката и прекривките на еден бездомник во Трст и му ги фрлил во канта, поради што наиде на жестоки негативни критики и реакци од страна на граѓаните.

По гестот на локалниот функционер Паоло Полидори, жителите на италијанскиот град Трст масовно излегоа и на бездомниците им донираа прекривки и облека. Полидари дури и се пофали на социјалните мрежи дека го избркал бездомникот и тоа го направил „со задоволство”.

Жителите на Трст му се извинија на овој и на сите други бездомници за гестот на десничарскиот функционер, кој се правдаше дека бездомникот бил Романец , кому му било наредено да го напушти Трст.

„Мојата објава на Фејсбук е злоупотребена, јас не сум расист” , напиша Полидори , кој немаше одговор зошто на студот му ги фрлил во ѓубре прекривките и облеката на бездомникот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…