Финиш на американско-кинеските трговски преговори – светот чека подетални информации


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со преговарачката рунда во Пекинг, тимовите на САД и Кина ставија крај на трговските преговори кои се водеа меѓу овие два светски економски гиганти.

Официјалните преговарачки функционери изјавија дека подетални информации од крајот на преговарачкиот процес ќе бидат објавени наскоро. Тоа беше протолкувано како надежна изјава која може да значи дека ќе има крај на трговската војна меѓу двете светски најголеми и најмоќни економии, а која е потенцијална опасност со негативно влијание врз глобалната економија.

Ценита на акциите скокнаа во Азија и на европските берзи, а се очекува дека тоа ќе се случи и во САД, имајќи предвид дека продолжувањето на преговорите предизвија оптимистичко верување дека Вашингтон и Пекинг се блиску до постигнување договор.

Преговорите се продолжени за еден ден, што не беше предвидено, а тоа покажува дека двете страни се сериозни, соопшти кинеското министерство за надворешни работи. Портпаролот на дипломатијата Лу Канг на редовниот брифинг рекол дека „продолжувањето на преговорите покажува дека двете страни навистина биле „многу сериозни во водењето на консултациите“.

Американскиот потсекретар за трговија, Тед Меккини, изјави дека американската тргпвоска делегација ќе се врати во САД подоцна во средата по „неколкуте добри денови“. „Мислам дека минаа добро“, рече Меккени за преговорите.

Преговорите од оваа седмица беа првите директни откако американскиот и кинескиот претседател, Доналд Трамп и Кси Џинпинг, договорија во декември 90-дневно примирје во трговската војна којашто ги потресе глобалните финансиски пазари.

Од летото минатата година САД воведоа големи увозни царини на кинеските стоки во износ од неколку стотина милијарди долари и се заканија со нови царини за да извршат притисок врз Кина да ја промени својата политика по прашањата кои се движат од сунбвенционирање на индрустријата до интелектуалната сопственост и хакирањата. Кина одговори со иста мерка.