Нема надеж за Скјапарели – „лендерот“ се распадна на површината од Марс


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Секоја надеж дека европско-рускиот лендер Скјапарели (Schiaparelli) сепак го преживеал слетувањето на Марс исчезна во саботата наутро.

На снимките со планираното место на слетување на лендерот кои ги направи американскиот орбитер MRO јасно се гледа отфрлениот падобран и горниот дел од лендерот, а подолу се гледа и големиот кратер (15х40м) настанат со удар и експлозија на лендерот Скјапарели на површината на Марс.

Во наредните денови камерите на американскиот MRO ќе направи снимки со камера со висока резолуција и тогаш подобро ќе се види сликата која претставува „ноќна мора“ за проектантите, во смисла на тоа „што тргна наопаку во текот на последната минута од слетувањето“.

На инженерите ќе им биде потребно уште неколку денови да ги обработат телеметриските податоци кои Скјапарели ги испраќаше сè до ударот на површината, за да можат да имаат увид што навистина се случило, односно да ја пронајдат причината за настанатиот проблем. Тоа се многу важни информации со оглед на тоа дека дел од применетата технологија е планирано да се искористи и во 2020-та година, кога на Марс ќе слета голем европско – руски лендер и ровер.

Главен дел од мисијата ЕгзоМарс 2016 (ExoMars), големото летало кое со години ќе го истражува Марс од орбитата (TGO), е во одлична состојба и е на планираните параметри од траекторијата. Реално гледано оваа европско-руска мисија можеме да ја сметаме за над 90% успешна, со исклучок на неуспехот со слетувањето на Скјапарели.