„Нема“ коронавирус за воените буџети – светот на големо се вооружува


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наспроти енормните кратења во многу сфери и на многу буџети, воените трошоци во светот во 2020 година изнесувале 1,93 трилиони долари, што е за 1,9 отсто повеќе отколку во 2019 година, се наведува во извештајот на информациско-аналитичкиот центар Џејнс.

Седма година по ред се бележи пораст на воените трошоци, се наведува во извештајот. Во 2010 година тие изнесувале 1,75 трилиони долари. Експертите очекуваат во следните неколку години, под влијание на пандемијата на коронавирусот, растот да успори, а последиците особено ќе бидат видливи во 2022 година.

Меѓутоа, до 2030 година, според мислењето на воените експерти, воените расходи би можеле да достигнат 2,23 трилиони долари.

Минатата година, воените расходи највеќе од сите ги зголемила Европа – за 5,6 отсто. Меѓутоа, Северна Америка е вон конкуренција – на неа отпаѓаат 40 отсто од вкупните воени трошоци во светот. Потоа следат земјите од Азиско-пацифичкиот регион и Западна Европа.

Уделот на Русија и земјите од Заедницата на независни држави во глобалното воено трошење е два отсто (во 2010 година било три отсто), исто колку и на Источна Европа. Уделот на Блискиот Исток и Северна Африка изнесува девет отсто, а на Јужна Америка три отсто.

Според мислењето на експертите, ситуацијата ќе се смени, па до 2030 година уделот на Азиско-пацифичкиот регион во глобалните воени расходи ќе биде 37 отсто, а на Северна Америка 33 отсто.