Нејмар се враќа на терените порано од очекуваното


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар ќе се врати во игра за тимот на ПСЖ до крајот на април, објавија медиумите во Франција.

26-годишниот Бразилец заработи тешка тешка повреда на стапалото пред еден месец и беше опериран, па моментално се рехабилитира. Првичните очекувања беа дека Нејмар ќе се врати на терените за Светското првенство во Русија.

Меѓутоа, рехабилитацијата се одвива побрзо од очекуваното, па можно е Нејмар да се врати на терените во француското првенство на крајот на месец април.

Во оваа сезона, Нејмар има 30 натпревари за ПСЖ и 29 постигнати голови, како и 3 асистенции.