Не поздравија од Газпром – ни (по)кажаа каква ќе ни биде зимата без нивниот гас (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот државен енергетски гигант „Газпром“ преку снимка во која користи адаптирана верзија на песна од советската ера, го прикажува исклучувањето на руските гасоводи и европските престолнини додека се спушта „страшна зима и многу снег“.

„Зимата ќе биде голема, еве, погледнете, преку реката. Есента полека умира и мавта со жолтата рака“, пее Јуриј Визбор во еден од неговите најголеми хитови, кој завршува со предвидувањето дека зимата ќе ја следи „само темнина и снег“.

– Најголемиот руски гасовод, кој испорачува природен гас во Европа, нема да работи додека Сименс Енерџи не ја поправи опремата – изјави за Ројтерс Виталиј Маркелов, пртставник на „Газпром“.

Минатата недела „Газпром“ првично најави тридневен прекин на испораките на гас преку гасоводот Северен тек 1, а потоа најави дека гасоводот ќе биде затворен на неодредено време.

Иако Русија за исклучувањето на гасоводот ги наведе техничките проблеми, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека снабдувањето на Европа со гас преку гасоводот ќе продолжи доколку земјите од ЕУ ги ублажат санкциите.

– Поради нив се појавија проблеми со испумпувањето на природен гас. Нема други причини – рече Песков.

Во Брисел ја повикуваат Москва да престане со уцените. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, затоа најави мерки за помош на домаќинствата и бизнисите.